fabrika Rolomatik

За нас

Компанијата РОЛОМАТИК делува во полето на градежните работи од 1994 година и до денес постојано ги подига стандардите на деловното работење со својот стручен кадар, професионална услуга и високо квалитетни енергетски ефикасни производи.

Широката палета на првокласни производи овозможува многубројни и разновидни комбинации кои во целост можат да ги задоволат сите барања во поглед на функција, безбедност и квалитет до најмалиот детал, истовремено за наједноставните како и за најкомплексните барања.

Тоа е причината зошто во текот на годините на упорна работа, РОЛОМАТИК се докажа како силна и доверлива компанија во земјата и пошироко, особено во полето на производство и инсталирање на Ролетни, Пвц и Алуминиумски прозорци и врати, Роло и Сегментни гаражни врати, Засенувачи, Комарници, Сензорски врати, Стаклени фасади и Фасади од алуминиум композитни панели.

Седиштето на компанијата се простира на околу 6.000m2 со производствени погони на површина од 2.000m2 и 1.000m2 магацински простор, административен простор од 600м2 и изложбено продажен салон со површина од 200m2. Производствените погони се опремени со најсовремени машини и алати за обработка, управувани од високо стручни кадри.

РОЛОМАТИК има воспоставено систем за управување со квалитет по стандард ИСО 9001:2008 и систем за заштита на животната средина ИСО 14001:2004, и се грижи за нивно одржување и постојано унапредување.

ISO-9001-2008-Certified   ISO-14001:2004


Мисија

Континуирано следење на водечките светски трендови и нивно имплементирање во современото живеење на клиентите, во целост од барање, изработка на понуда со најсоодветни и квалитетни индивидуално прилагодени решенија до почитување на договорени рокови за реализација за комплетно корисничко искуство во тек на целиот проект, затоа што сите имаат бенефит од врвен квалитет и услуга.

Референтна листа

  • Собрание на Република Македонија
    Алуминиумски ролетни со комплетна автоматизација

  • Кабинет на Претседателот на Република Македонија
    Алуминиумски ролетни со комплетна автоматизација

  • НАТО – ЕАПС форум во хотел ИНЕКС – Горица, Охрид
    Тенди од импрегниран материјал со комплетна автоматизација

  • Johnson Controls – Деловен објект - Бунарџик
    Засенување со Соломатик жалузини

  • Societe General – Охридска Банка - Експозитури - Скопје и Охрид
    Фасадни Алуминумски портали, Ентериерни прегради и врати, блиндор врати

  • Кардиохирургија Филип Втори, Воена Болница, Скопје
    Специјализирани портали и врати (заштита од радијација)

  • VIP Телекомуникации – Деловни објекти - Куманово и Битола
    Портали од Пвц и Алуминиумски профили

  • Центро Унион – Административно – деловен објект и магацински простории – Скопје
    Стаклена фасада, Фасада од алуминиум композитни панели, Стаклени кровни конструкции, Стаклени настрешници, Алуминиумска столарија

  • ГП ПЕЛИСТЕР ДОО – Резиденцијално – деловен објект Водњанска
    Стаклена фасада, Фасада од алуминиум композитни панели, Алуминиумска столарија, Алуминиумски ролетни Рондо, Рологаражни врати, ПП врати

  • ГП ПЕЛИСТЕР ДОО – Резиденцијален комплекс Касарна – Битола
    Пвц столарија, Пвц ролетни, Алуминиумска столарија - портали

  • ГП ПЕЛИСТЕР ДОО – Резиденцијален комплекс во Котор, Црна гора
    Пвц столарија, Пвц ролетни, Алуминиумска столарија - портали, Рологаражни врати, ПП врати

  • Машинац –Скопје – Резиденцијален комплекс – Бардовци
    Пвц столарија, Алуминиумски натпрозорски ролетни

  • Електро Елемент – Изложбено продажен сервисен центар на Премиум Ауто Центрум и JAGUAR и LAND ROVER
    Стаклена фасада, Фасада од алуминиум композитни панели, Алуминиумска столарија, Office системи, Стаклени врати

  • Електро Елемент – Изложбено продажен сервисен центар на Киа
    Сегментни врати

  • Ренова Тетово – Трговски центар РЕМ
    Стаклена фасада, Фасада од алуминиум композитни панели

  • Турбо Макс – Скопје – Деловен објект – изложбено продажен салон
    Стаклена фасада, Фасада од алуминиум композитни панели, Рологаражни врати

  • АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за републиката - Скопје – Резиденцијален објект 3.2 на бул. 3-та Македонска бригада, Скопје
    Пвц столарија, Пвц натпрозорски ролетни

  • Ен Са Инг ДОО Скопје – Резиденцијален објект – Аеродром
    Пвц столарија, Алуминиумска столарија - портали, Пвц претпрозорски ролетни

  • Инвест Билдинг – Резиденцијален објект – Аеродром
    Алуминиумски прозори и врати

  • Флорастат– Резиденцијален објект – Аеродром
    Алуминиумски прозори и врати

  • Голден Арт - Резиденцијален објект Аеродром GA01
    Пвц столарија, Алуминиумска столарија - портали, огради за скалишен простор

  • СМС Констракшн – Резиденцијален објект Бутел
    Алуминиумска столарија - портали

  • СМС Констракшн – Менхетен Бизнис Центар – Капиштец
    Стаклена фасада, Фасада од алуминиум композитни панели, Алуминиумска столарија - портали, Рологаражни врати

  • Ремис ДООЕЛ Охрид – објект ЗУМ
    Стаклена фасада, Фасада од алуминиум композитни панели, Алуминиумска столарија

  • Ремис ДООЕЛ Охрид – објект Парк - Golden Beach, Охрид
    Рологаражни врати, Алуминиумски претпрозорски ролетни, Тенди од импрегниран материјал

  • КАМ – деловни објекти
    Алуминиумска столарија – портали

  • Еурофарм – аптеки
    Алуминиумска столарија

  • Градска општа болница – 8ми Септември Скопје
    Сензорски врати – Алуминумски врати со сензорска автоматика

  • Карго Макс – сервисен центар Струмица и Миладиновци
    Сегментни врати

  • Јахја Кемал Колеџ - Тетово
    Стаклена фасада, Фасада од алуминиум композитни панели

повеќе »