Алуминиумски ролетни

Алуминиумски Ролетни


Алуминиумски ролетни со висок квалитет и дизајн по најнови технологии, контроли и стандарди се конвенционално, најраспространето и барано решение за заштита и засенување.


Главни предности:

  • Изработени од високо квалитетни алуминиумски делови отпорни на атмосферски влијанија, со долг век на траење
  • Обезбедуваат комфор со едноставна монтажа и сервисирање
  • Обезбедуваат заштита од временски непогоди - дожд, град, снег, ветер, сонце - силна светлина и топлина
  • Енергетски ефикасни – обезбедуваат термоизолација од прекумерна топлина во летниот период и загуба на топлина во зимскиот период (5-7℃) т.е. до 30 %, со што се намалуваат и трошоците за греење и ладење
  • Издржливост на температурни разлики од -30℃ до +50℃
  • Обезбедуваат дополнителна звучна изолација
  • Можност за дополнително зголемување на безбедноста од кражба со вградување на клучеви
  • Економична инвестиција

Алуминиумски ламели исполнети со полиуретан со висока густина, фабрички пластифицирани со обезбедена флексибилност, адхезија, UV резистентност, отпорност на корозија и абразија.

Бои - според RAL карта и дрво дезени - можност за комбинација на бојата на кутијата , спустот, водилката и завршната ламела, со цел креирање архитектонски решенија според индивидуален вкус и замисла.

Мануелно управување со автомати на каиш, на конец или со курбла.
Автоматизирано управување со мотор на прекинувач или RT мотор на далечински управувач - централно управување, програмирање на целиот процес на отварање и затворање на ролетните со соодветни сензори и централи, создавање сценарија и симулација на присуство и интелигетно управување - smart house.

Универзален систем за монтажа, може да се прилагоди на голем број градежни ситуации.

Натпрозорски систем


Идеално решение за нови градби и и при промена на старата и дотраена столарија

Систем компатибилен со сите видови столарија, а согласно типот на столарија се бира соодветна кутија за ролетната што е есенцијално за да се гарантира нивото на термо изолација. При инсталација на натпрозорскиот систем се избегнува традиционалната кутија од тули, кутијата од натпрозорскиот систем е поставена веднаш над касата од позицијата (прозор/врата) создавајќи компактна единица, која ја поедноставува инсталацијата и обезбедува елегантен изглед, притоа обезбедува лесен пристап до механизмот од внатрешна страна за одржување и сервис. Во зависност од потребите на корисниците системот овозможува поставување комарници помеѓу ролетната и столаријата со вградување на водилка со перце или дистанцери.

- Повеќе типови натпрозорски системи (комбинација - кутија и спуст) - 3Пвц + 1Ал, 4Пвц, Термоизолирана кутија

Техничка спецификација

  • Кутија (3Пвц + 1Ал/ 4Пвц) со димензии 155х155mm за ролетна со max. H=1500mm
  • Кутија (3Пвц + 1Ал/ 4Пвц) со димензии 185х185mm за ролетна со max. H=2600mm
  • Кутија (термоизолирана) со димензии 147х147mm за ролетна со max. H=1500mm
  • Кутија (термоизолирана) со димензии 172х172mm за ролетна со max. H=2450mm
  • Алуминиумски ламели - исполнети со полиуретан - 39x8mm
  • Рамна водилка - 53х22mm со четка 7x6mm
  • Водилка со перце - 53х22x120mm – припрема за комарник

Претпрозорски системи


Идеално решение за веќе завршени објекти

Систем 90/45

Алуминиумска ролетна со модерна линија. Состав од кутија, водилки, завршна ламела и спуст од алуминиумски ламели со механизам за управување за компактно движење.

Техничка спецификација

  • Кутија од пластифициран алуминиум - 0,8mm
  • Заден капак се прекршува под агол од 90°
  • Преден капак се прекршува под агол од 45°
  • Кутија со димензии 137х137mm за ролетна со max. H=1450-1500mm
  • Кутија со димензии 165х165mm за ролетна со max. H=2450х2500mm
  • Алуминиумски ламели - исполнети со полиуретан - 39x8mm
  • Рамна водилка - 53х22mm со четка 7x6mm
  • Чепуван спуст - обезбедено компактно движење
  • Рамна завршна ламела од екструдиран алуминиумски профил со гума и канал за механизам за заклучување
  • Осовина - 0,5mm - ø40mm/ø60mm
  • Пвц макара d=125mm
  • Пиксна l=100mm
  • Лагери - 28х12mm


Систем Рондо

Алуминиумска ролетна со заоблен дизајн – *заштитен дизајн на РОЛОМАТИК. Состав од кутија, водилки, завршна ламела и спуст од алуминиумски ламели со механизам за управување за компактно движење.

Техничка спецификација

  • Кутија од екструдиран алуминиумски профил - 1,8mm - заден, горен, и долен капак од алуминиумски профил - со заоблен дизајн - *дизајн на РОЛОМАТИК
  • Кутија со димензии 143х155mm за ролетна со max. H=1550-1600mm
  • тежина на кутија - 2.6 kg/m
  • Кутија со димензии 173х185mm за ролетна со max. H=2600х2800mm
  • тежина на кутија - 3.3 kg/m
  • Четка на долен капак од кутија – 7х18mm – со секое подигње и спуштање на ролетната ја врши функцијата чистење на спустот од надворешна страна
  • Алуминиумски ламели - исполнети со полиуретан - 39x8mm
  • Заоблена водилка - 53х26mm со четка 7x6mm
  • Чепуван спуст - обезбедено компактно движење
  • Заоблена завршна лајсна од екструдиран алуминиумски профил со гума и канал за механизам за заклучување
  • Осовина - 0,5mm - ø40mm/ø60mm
  • Пвц макара d=125mm
  • Пиксна l=100mm
  • Лагери - ø28/12mm