Автоматизација на засенувачи

Автоматизација на засенувачи


  • Едноставно управување на еден, група или сите засенувачи со еден клик
  • Лесно управување, и кога се тешки и недостапни
  • Долг век на траење
  • Автоматско пригушување на светлината при поголем доток на светлина, со што се штити мебелот од пресилната сончева светлина и UV зрачење

Натпрозорски систем
Идеално решение за нови градби и и при промена на старата и дотраена столарија

Систем компатибилен со сите видови столарија, а согласно типот на столарија се бира соодветна кутија за ролетната што е есенцијално за да се гарантира нивото на термо изолација. При инсталација на натпрозорскиот систем се избегнува традиционалната кутија од тули, кутијата од натпрозорскиот систем е поставена веднаш над касата од позицијата (прозор/врата) создавајќи компактна единица, која ја поедноставува инсталацијата и обезбедува елегантен изглед, притоа обезбедува лесен пристап до механизмот од внатрешна страна за одржување и сервис. Во зависност од потребите на корисниците системот овозможува поставување комарници помеѓу ролетната и столаријата со вградување на водилка со перце или дистанцери


Повеќе типови натпрозорски системи (комбинација - кутија и спуст) - 3Пвц + 1Ал, 4Пвц, Термоизолирана кутија

Техничка спецификација

  • Кутија (3Пвц + 1Ал/ 4Пвц) со димензии 155х155mm за ролетна со max. H=1500mm
  • Кутија (3Пвц + 1Ал/ 4Пвц) со димензии 185х185mm за ролетна со max. H=2600mm
  • Кутија (термоизолирана) со димензии 147х147mm за ролетна со max. H=1500mm
  • Кутија (термоизолирана) со димензии 172х172mm за ролетна со max. H=2450mm
  • Алуминиумски ламели - исполнети со полиуретан - 39x8mm
  • Рамна водилка - 53х22mm со четка 7x6mm
  • Водилка со перце - 53х22x120mm – припрема за комарник

Претпрозорски систем на ролетни
Идеално решение за веќе завршени објекти

Систем 90/45

Алуминиумска ролетна со модерна линија. Состав од кутија, водилки, завршна ламела и спуст од алуминиумски ламели со механизам за управување за компактно движење.

Техничка спецификација

  • Кутија од пластифициран алуминиум - 0,8mm
  • Заден капак се прекршува под агол од 90о
  • Преден капак се прекршува под агол од 45о
  • Кутија со димензии 137х137mm за ролетна со max. H=1450-1500mm
  • Кутија со димензии 165х165mm за ролетна со max. H=2450х2500mm
  • Алуминиумски ламели - исполнети со полиуретан - 39x8mm
  • Рамна водилка - 53х22mm со четка 7x6mm
  • Чепуван спуст - обезбедено компактно движење
  • Рамна завршна ламела од екструдиран алуминиумски профил со гума и канал за механизам за заклучување
  • Осовина - 0,5mm - ø40mm/ø60mm
  • Пвц макара d=125mm
  • Пиксна l=100mm
  • Лагери - 28х12mm


Систем Рондо

Алуминиумска ролетна со заоблен дизајн – *заштитен дизајн на РОЛОМАТИК. Состав од кутија, водилки, завршна ламела и спуст од алуминиумски ламели со механизам за управување за компактно движење.

Техничка спецификација

  • Кутија од екструдиран алуминиумски профил - 1,8mm Заден, горен, и долен капак од алуминиумски профил – со заоблен дизајн - дизајн на РОЛОМАТИК
  • Кутија со димензии 143х155mm за ролетна со max. H=1550-1600mm
  •       тежина на кутија - 2.6 kg/m
  • Кутија со димензии 173х185mm за ролетна со max. H=2600х2800mm
  •       тежина на кутија - 3.3 kg/m
  • Четка на долен капак од кутија – 7х18mm – со секое подигње и спуштање на ролетната ја врши функцијата чистење на спустот од надворешна страна
  • Алуминиумски ламели - исполнети со полиуретан - 39x8mm
  • Заоблена водилка - 53х26mm со четка 7x6mm
  • Чепуван спуст - обезбедено компактно движење
  • Заоблена завршна лајсна од екструдиран алуминиумски профил со гума и канал за механизам за заклучување
  • Осовина - 0,5mm - ø40mm/ø60mm
  • Пвц макара d=125mm
  • Пиксна l=100mm
  • Лагери - ø 28/12mm