Рологаражни врати

Рологаражна врата


Рологаражната врата е изработена по насовремена технологија со модерен дизајн и глобална конкурентност, од високо квалитетни материјали кои одговараат и на највисоките барања за отпорност на надворешните влијанија, притоа обезбедувајќи термоизолација, звучна изолација и безбедност.


Главни предности:

  • Рационална искористеност на отвор – премин – вертикално движење во ролна
  • Тубуларен мотор во осовина – кутија на рологаражна врата
  • Термо и звучна изолација
  • Едноставна, брза и чиста монтажа
  • Можност за перфорирани ламели и ламели со прозорчиња - за светлост и вентилација
  • Можност за дополнително зголемување на сигурноста
  • Минимум одржување

Бои - според RAL карта и дрво дезени - можност за комбинација на бојата на кутијата , спустот, водилката и завршната ламела, со цел визуелна хармонија на објектот.

Автоматизирано управување – стандардно со NHK електромотор - контрола преку централа и тастер/ прекинувач/ шалтер клуч/ далечински управувач. Програмирање на процесот на отворање и затворање со сензори и централи и интелигетно управување.

Мануелно управување со курбла - по потреба.

Системот за монтажа, може да се прилагоди на голем број градежни ситуации.

Техничка спецификација

  • Кутија пластифициран алуминиум – 1mm
  • Кутија со димензии 300х300mm за ролетна со max. H=3000mm
  • Кутија со димензии 350х350mm за ролетна со max. H=4200mm
  • Алуминиумски ламели - исполнети со полиуретан - 77x18mm
  • Рамна водилка - 89х35mm со четка 7x12mm
  • Чепуван спуст - обезбедено компактно движење
  • Рамна завршна ламела од екструдиран алуминиумски профил со гума
  • Осовина - 1,2mm / 1,5mm – ø70mm
  • Држач за мотор/лагер 100х100mm
  • Ракавец l=200mm
  • Лагери – ø 42/12mm

Цели станбени згради опремени со Ролетни