Алуминиумски прозорци и врати

Aлуминиумски прозори и врати

Алуминиумот овозможува дизајнерски неограничен спектар на форми и решенија. Сигурни, стабилни, функционални, долготрајни, бескомпромисни системи во разни облици, одговараат на модерните архитектонски барања за големи распони и стаклени ѕидови и ги исполнуваат високите барања на статиката, притоа задоволувајќи ја потребната естетика, топлинска изолација, звучна изолација, отпорност на товари од ветрови и пенетрација на вода.

 

Главни предности:

  • лесен материјал за манипулација и обработка
  • максимална структурна стабилност
  • резистентни на атмосферски влијанија (вода, UV зраци, корозија…)
  • односот помеѓу квалитетот и цената е во оптимален однос

Облици

  • елегантни прави линии
  • заоблен дизајн

Системи

  • без термомост
  • со термомост – термоизолиран профил *со полиамиден мост

Енергетска ефикасност

  • оптимална топлинска изолација што овозможува значајна заштеда на енергија при греење и ладење *термоизолиран профил

Отворање

  • по вертикална и хоризонтална оска – отклопни системи
  • армоника систем
  • лизгачки системи – шибери
  • системи со подигнување и лизгање (Lift&Slide)
  • отворање со сензори – автоматика

Оков

  • канал за оков за алуминиум
  • канал за Пвц оков – овозможува затворање во повеќе точки, прилагодување на шарки и брза монтажа

Разновидност на дизајн

  • широк спектар на бои, бои по RAL како и дрво дезени