Стаклени и алуминиумски фасади
Previous
Next
За производот
Стаклени фасади и фасади од алуминиум композитен панел
Стремежот и потребата за иновативни и нови решенија во архитектурата постојано ги подигаат стандардите и барањато од завршните елементи на градежните конструкции.
Современите фасади – стаклени завеси и фасади од алуминиум композитен панел, потребно е да одговорат на бројни барања на модерната архитектура, како за деловни објекти така и за ексклузивни станбени единици. Наспроти конвенционалните решенија и ограничувања, стаклените фасади и вентилирачките алуминиумски фасади, овозможуваат комбинирана употреба, што на објектите им дава уникатен и неповторлив изглед.
Главни предности:
- Одлична геометрија – можност за естетска разноликост
- Максимална структурна стабилност
- Можност за изработка на сложени геометриски форми
- Погодни за манипулација, обработка и монтажа
- Функционалност – вертикални фасади, кровови, куполи, атриуми
- Резистентни на атмосферски влијанија (вода, UV зраци, корозија…)
- Водонепропустливост, отпор на товари од ветрови, звучна изолација, термоизолација – енергетска ефикасност
- Одлична дренажа
- Можност за надградба – поставување на различни типови на засенувачи
- Можност за фотоволтаични панели
Стаклени фасади
- Основна фасада
- Полуструктурална фасада
- Структурална фасада
- Spider – фасада и настрешници
- Атриум
- Куполи
Фасада од алуминиум композитни панели
- Облоги од алуминиум композитни панели
- Вентилирачка фасади со изолација на алуминиумска или челична потконструкција