Венецијанер ролетни

Венецијанер

Венецијанер ролетни се широко прифатено решение за засенување, како за канцеларии и бизнис центри, така и за домашни амбиенти.

 

Главни предности:

  • Заштита од светлина и регулација на светлина
  • 99% заштита од UV зраци, спречува оштетување на мебелот и билките во просториите
  • Овозможува транспарентност и поглед кон околината или потполно затварање
  • Спречува прегревање на просторот
  • Овозможува намалување на трошоците за ладење
  • Можност за монтирање на пвц сајли (zigel механизам)

Алуминиумски венецијанер се изработува од пластифицирани алуминиумски ламели со ширина од 16mm и 25mm прикачени на механизам поставен во алуминиумска кутија на која е монтиран механизам за управување на ролетната со што се обезбедува долга и квалитетна функција на венецијанер ролетните.

Широк спектар бои и дезени – основни – 16/25mm, дрво дезен – 25mm и перфорирани ламели – 25mm.
Венецијанерот може да има неправилна форма, полукружна форма и кружна форма.

IssO венецијанер со алуминиумски ламели, со маска на кутијата која дава елегантен изглед. Се придвижува со ланче и наместо конец има импрегнирана лента.

Венецијанер во термопан стакло

Венецијанер во термопан стакло – елегантен и трендовски особено погоден за лизгачки системи.

 

Главни предности:

  • Не доаѓа во допир со прашина – особено важно за одржување
  • Нема можност за оштетување од допири -мали детски рачиња и шепи од миленици
  • Подобрување на акустичноста
  • Дополнителна приватност – ламели од крај до крај на термопан стакло
  • Редукција на топлината и сончевата светлина што дополнително го зголемува Ug факторот на термопан стаклото

Mануелно управување со магнетен систем за придвижување кој обезбедува интегритет на термопан стаклото без да се наруши функцијата на херметичко затворено термопан стакло и автоматизирано управување со електромотор на прекинувач или RT мотор со далечински управувач.
Монтажа во термопан стакло – при монтажа на столарија – отклопни, лизгачки и др. системи.

Дрвен венецијанер – ламели со елегантен и рустичен изглед на дрвните дезени во повеќе бои и маска на кутијата. Мануелно управување и автоматизирано управување со мотор со прекинувач и RT мотор со далечински управувач. нта.