Плисе комарник

Плисе комарник

 

Иновативен и интересен систем на армоника комарник. Изработен од високо квалитетни алуминиумски делови и плисирана мрежа од фиберглас – превиткана како армоника.
Плисе комарникот има модерен дизајн и се одликува со висока отпорност на механички удари на мрежата, а неговата компактност – собирањето на мрежата во страна – латерално, претставува и заштеда на простор. Изведба како еднокрилен или двокрилен плисе комарник.

Бои според RAL карта и дрво дезени.

Универзален систем за монтажа, може да се прилагоди на голем број градежни ситуации.

Можност за монтажа на ролетни над комарник – изведба во рамка од алуминиумски профили.