Тенди

Тенди

Тендите се засенувачи кои креираат пријатен амбиент и одговараат на специфичните барања и по долгогодишна употреба во просторите за кои се наменети – притоа обезбедувајќи висок степен на визуелен и термички комфор.

 

Главни предности:

  • Широка примена (тераси, летни бавчи, излози (рекламирање на брендови), прозори…)
  • Заштита од сонце
  • Постигнување на различни светлосни ефекти
  • Универзален систем за монтажа
  • Функционалност со вградени мотори (тенда – модел на краци)

 

Тендите конструктивно се изработени од алуминиум, челик и пластични спојни елементи.
Конструкцијата може да биде прекриена со импрегниран материјал (100% акрил) или пвц платно.

Импрегнирани материјали (100% акрил) се одликуваат со висок квалитет, цврстина и долгогодишна издржливост на надворешни влијанија и имаат антистатски особини. Платното има специјален финиш (завршна обработка) што обезбедува поголема заштита од сонце, водонепропустливост и обезбедува материјалот да не се разресува.

Тенда – модел корпа

Тенда – модел корпа е изработена од високо квалитетни алуминиумски конструктивни елементи и пвц спојни елементи. Конструкцијата може да биде прекриена со импрегниран материјал (100% акрил) или пвц платно.

Тенда – модел корпа

  • класичен модел
  • скалеста тенда
  • полукружна тенда

Управување – мануелно со јаже.

Универзален систем за монтажа, може да се прилагоди на сите градежни ситуации. 

Тенда – модел на краци

  • класична тенда
  • касетна тенда

Тенда – модел на краци е изработена од високо квалитетни алуминиумски конструктивни елементи и пвц спојни елементи. Конструкцијата може да биде прекриена со импрегниран материјал (100% акрил) или пвц платно.

Управување – мануелно со курбла или автоматизирано со електромотор на прекинувач или RT мотор со далечински управувач.

Касетни тенди на краци се изработуваат од истите материјали како и стандардната тенда на краци со разлика во однос на собирањето на тендата во касета при што платното е заштитено од надворешни атмосферски влијанија и е со подолг век на трајност. Касетата е изработена од екструдиран алуминиум. Управувањето кај касетните тенди задолжително е автоматизирано со електромотор на прекинувач или RT мотор со далечински управувач.


Автоматизираното управување од двата типа може да се надогради со дополнителни елементи (сензор за ветер, сензор за сонце, сензор за ветер и сонце, прекинувачи и далечински) кои ќе обезбедат подобро и подолготрајно функционирање на тендите, согласно временските услови.

Перголи

Со перголите се создава современо дизајниран простор кој штити од атмосферски влијанија сонце, ветер, дожд. Обезбедуваат исклучителен квалитет на престој на отворено, следејќи ги модерните трендови, дизајн и висок степен на визуелен и термички комфор.

Главни предности

  • Заштита од атмосферски влијанија
  • Потполна водонепропустливост и скриен одвод на водата
  • Ефективно проветрување
  • Можност за интегрирање на осветлување во ламелите
  • Можност за интегрирање на странични роло завеси или клизни системи


Перголите се погодни за решавање на засенувањето на поголеми површини, најчесто јавни објекти, но и за домашна употреба. Носечката конструцијата на перголите е изработена од алуминиум, прекриена со пвц платно со подобрени карактеристики, со растер на алуминиумска лајсна од 40-50cm и со можност за амбиентално осветлување.

Управувањето е автоматизирано со RT мотори и далечинско управување.