PVC прозорци и врати

ПВЦ прозори и врати VEKA

ПВЦ прозорите се здрави, трајни, сигурни и претставуваат најдобар однос помеѓу квалитетот и цената како на на глобалниот, така и на нашиот пазар. Покрај тоа ПВЦ прозорите се лидери од аспект на екологијата, со своите термоизолациони својства ја чуваат енергијата и при греење и при ладење, при производство трошат помалку енергија во однос на алуминиумските прозори, а за разлика од дрвената столарија ги штедат шумите кои се бели дробови на нашата планета.

VEKA профилите се состојат од високо резистентни на влијанија PVC-U, екструдирани од базичен материјал со содржина термопластичен поливинил хлорид како основна состојка, тие исто така, не содржат било каков вид на пластификатор.

Главни предности:

  • Висока механичка цврстина, отпорност и стабилност
  • Нормална до висока отпорност на влијанија
  • Погодни за температурен опсег од -30℃ до 70℃
  • Висока отпорност на триење
  • Огноотпорен и самогаснечки по отстранување на пламенот
  • Добра водоотпорност и отпорност на хемикалии
  • Добро спојување
  • Низок степен на собирање што обезбедува добра димензионална стабилност
  • Без ризик по здравјето

Квалитет

 

  • Квалитет контролиран од
    RAL-GütegemeinschaftKunststoff-Fensterprofilysteme е. V.
  • Сите VEKA профили во согласност со RAL-GZ 716/1, Глава 1
  • Дебелината на ѕидовите на профилите одговара на највисокиот стандард за квалитет, Class A (DIN EN 12608)

Физички својства

Технички спецификации подложни на промена (сите мерења наведени се однесуваат само на тестирани примероци). Со употреба на други од наведените поставки, како што се различни компоненти (пакет за застаклување итн.), може да резултира со разлики во вредностите на изолација.

  • Специфична тежина 1.42-1.46g/cm³ во зависност од формулацијата
  • Цврстина на истегнување во согласност со DIN EN ISO 527 44M Pa
  • Еластичност на истегнување модул во согласност со DIN EN ISO 527> 2200 М Pa
  • Испитување на ударна жилавост, отпорност на удар во согласност со DIN EN ISO 179, тест тело 1eA> 20kJ/m²
  • Отпорност на удар на -40°C според DIN EN ISO 179, без да се скрши
  • Надолжно термичка експанзија 0,8 * 10-4 / К
  • Температура на омекнување VSTB 50 во согласност со DIN EN ISO 306 78-82°C во зависност од формулацијата
  • Стабилност на временски услови според DIN EN 513 дисколорација (губење на бојата) не надминува ниво 4 на greyscale по ISO 105-A03

Современите PVC-U прозорци направени од високо-квалитетните профилски системи од VEKA помагаат во заштитата животната средина на многу начини: нивните одлични изолаторски својства помагаат да се намалат енергетските потреби на објектот, а со тоа и количеството на произведен штетен CO2. VEKA, исто така, гарантира дека нејзините производствени процеси ги штедат природните ресурси и енергија.

Заштеда на енергијата се исплати
Иновативната повеќекоморна структура на стабилниот VEKA профил обезбедува највисоко ниво на топлинска изолација. Ова значително ја намалува потрошувачката на енергија и трошоците за греење и ладење.

Совршена клима во домот
Одличните термоизолациони својства на VEKA профилите одржуваат константна температурата во просторијата и создаваат пријатна атмосфера. Дополнителните заптивки обезбедуваат максимална заштита од високи и ниски температури и провев.

Зголемена сигурност
Во зависност од местоположбата и достапноста, прозорците треба да исполнуваат многу различни барања за безбедност. Прозорите од VEKA профили можно е, ако сакате, да се опремат со специјални окови, стакло и рачки, што ги прави поотпорни на насилно влегување.

Разновидност на бои
Прозорите и вратите во боја даваат посебен шарм на секој дом, како и можност да се даде личен печат на секој простор. Можности да изберете од над 50 бои, како и рустикални текстури / дрво дезени кои претставуваат одлично решение за секој вкус и секој тип на дом.

Врвна звучна изолација
Бучавата ја намалува удобноста на живеење, дури може и да го загрози здравјето. Стандардните прозорци од VEKA профили штитат од бучава, но може и дополнително да се надоградат за да ги задоволат највисоките стандарди на звучна изолација.

Вредност за иднината
Новите прозорци претставуваат исплатлива инвестиција што ја зголемува вредноста на вашиот имот. Високо квалитетните профили VEKA со исклучително мазните површини со години имаат убав изглед, лесно и брзо да одржуваат и не треба никогаш повторно да се бојадисуваат.

Softline 82

Систем за заштеда на енергија

Константниот пораст на трошоците за греење во зима и за ладење во лето, побарува нови решенија за заштеда на енергија и средства. Softline 82 ги исполнува сите барања за безбедност, функционалност и топлинска изолација. Геометријата на профилот на овој иновативен систем е термички подобрена и гарантира оптимална топлинска изолација. Благодарение на уникатниот квалитет на VEKA и дебелината на ѕидовите на профили сертифицирани во класа А, Softline 82 системот обезбедува оптимална стабилност дури и кај модерните архитектонски барања за големи распони на стаклени ѕидови, каде мора да ги исполни високите барања на статиката и максимална енергетска ефикасност.

  • енергетска ефикасност од прва класа за куќи со ниска потрошувачка на енергија и за пасивни куќи
  • повеќе-коморен систем со вградна длабочина од 82 mm
  • профил со дебелина на ѕид во согласност со највисоките стандарди за квалитет – А класа (во согласност со DIN EN 12608, класа А) за стабилна конструкција и цврсти споеви
  • VEKA квалитет за стабилност, долговечност и сигурна функција
  • челична арматура според VEKA насоки за засилувања, со долга традиција на совршеност со децении
  • хармонично вклопување во различни градежни стилови, од модерна архитектура до внимателно реконструирани стари објекти

Енергетска ефикасност

  • ефективна термоизолација во согласност со европските сегашни и идни законски одредби за заштеда на енергија, ги намалува трошоците за греење и обезбедува долгорочна сигурност на инвестицијата
  • коефициент на топлинска трансмисија на системот: Uf = 1,0 W/(m2K)
  • коефициент на топлинска трансмисија на прозорецот во зависност од видот на застаклувањето, на пр.:
  • Uw = 0,91 W/(m2K) со стакло Ug = 0,7 W/(m2K), Ψg = 0.050 W/(mK)
  • Uw = 0,67 W/(m2K) со стакло Ug = 0,4 W/(m2K), Ψg = 0,035 W/(mK)

Систем на заптивање

  • три нивоа на заптивање со сигурност штитат и од ниска и од висока температура, провев и влага
  • средна заптивка поставена по целиот периметар на прозорецот
  • квалитетни фабрички инсертирани заптивки во сива или црна боја

Отвор за стакло

  • различни пакети на застаклување од 24mm до 52mm за каса и крило според индивидуалните потреби

Разновидност на дизајн

  • можност за оплеменување на површината на профилот со повеќе од 50 бои и рустикални текстури и дезени, како и алуминиумска облога – капачка во различни бои по RAL

Одржливост

  • еколошки, се произведува во процес на производство кој штеди ресурси
  • профилот Softline 82 може речиси 100% да се рециклира

Effectline

За станбени и деловни објекти

Effectline е систем на профил наменски произведен за користење во станбени и деловни објекти. Effectline, технолошки, ги исполнува најновите европски стандарди, а притоа е многу економичен. Благодарение на елегантната ширина на профилот, прозорците од Effectline системот овозможуваат доток на големо количество на светлина во просториите, а благодарение на својот класичен дизајн со благо заоблени контури совршено се вклопува во различни градежни стилови.

  • 5 коморен систем со вградна длабочина од 70 mm
  • профил со дебелина на ѕид во согласност со највисоките стандарди за квалитет – А класа (во согласност со DIN EN 12608, класа А) за стабилна конструкција и цврсти споеви
  • VEKA квалитет за стабилност, долговечност и сигурна функција
  • челична арматура според VEKA насоки за засилувања, со долга традиција на совршеност со децении

Енергетска ефикасност

  • оптимална топлинска изолација што овозможува значајна заштеда на енергија при греење и ладење

Систем на заптивање

  • две нивоа на заптивање со сигурност штитат и од ниска и од висока температура, провев и влага
  • квалитетни фабрички инсертирани заптивки во сива боја

Отвор за стакло

  • термо пакет за застаклување со дебелина до 24mm

Компатибилност

  • системот Effectline е компатибилен со голем број на дополнителни и приклучни елементи од палетата на системи со вградна длабочина од 70mm, што овозможува голема флексибилност при употреба