Ролокомарник

Ролокомарник

 

Ролокомарник, изработен од високо квалитетни алуминиумски делови и мрежа од фиберглас – долготрајни и отпорни на атмосферски влијанија. Работи на принцип на намотување на осовина во кутија. Системот ја штити мрежата од надворешни влијанија во периодите кога комарникот не се употребува. Едноставен за управување – на клик систем. За подигање се притиска на рачките на ламелата по што мрежата се намотува со помош на федер до крајна горна позиција, а за надолу се повлекува со помош на јаже и рачки на ламелата и во крајна долна позиција се закачува на закачалки.

Бои според RAL карта и дрво дезени.

Универзален систем за монтажа, може да се прилагоди на голем број градежни ситуации.

Можност за монтажа на ролетни над комарник – изведба во рамка од алуминиумски профили.