Соломатик

Соломатик

Атрактивни, долготрајни и практични соломатик жалузините наоѓаат примена кај индивидуалните градби, повеќестанбените објекти и јавни објекти.

Главни предности:

  • Заштита од светлина и регулација на светлина со обезбедување индиректна светлина без да блеска сонцето во просторот
  • 95% заштита од термичката енергија, спречува прегревање на просторот и овозможува намалување на трошоците за ладење
  • 99% заштита од UV зраци, спречува оштетување на мебелот и билките во просториите
  • Овозможува транспарентност и поглед кон околината или потполно затворање
  • Стабилност на ламелите при полоши временски услови – управување само преку механизам за управување
  • Можност за интегрирање во фасада и сигурно вградување без термички мост
  • Тивки електрични механизми за подигање, спуштање и ротирање на ламелите

Ламели изработени од алуминиум со трапезен облик со ширина од 80mm нанижани на импрегнирана лента и конци за подигање и ротација на ламелите околу својата оска прицврстени на механизам во кутија.

Боја стандардно – сива, бела и кафеава како и можност за изведба и во други бои по RAL карта.

Управување – мануелно со курбла и автоматизирано со електромотор на прекинувач или RT мотор на далечински управувач (дополнителни можности за групно управување со главен прекинувач и/или индивидуален прекинувач, групно управување со далечински управувач, управување поврзано со сензори (ветер,сонце,дожд), управување поврзано со компјутер (smart house – паметна куќа)

Монтажа во прозорска шпалетна, водилки монтирани на рамката на прозорот, пакетот сложен во горна зона се покрива со маска
Монтажа во прозорска шпалетна и пакет скриен под фасада
Фасадна монтажа