Сегментна гаражна врата

Сегментна врата

 

Сегментните врати се изработени од високо квалитетни материјали резистентни на атмосферски влијанија со карактеристики кои обезбедуваат термо-акустична изолација, ги подобруваат условите за работа и обезбедуваат долг век на употреба со минимум одржување. Особено погодни како за домашна употреба и за индустриски објекти со голема фреквенција.

 

Главни предности:

  • Максимална искористеност на отвор – премин
  • Димензиона стабилност на панели од -30 до +100℃
  • Висока термо и звучна изолација
  • Можност за светлосни отвори
  • Можност за отвори за вентилација
  • Можност за пешачка врата со амортизер – туркач за затворање на вратата со цел непречено движење и безбедна функција
  • Минимум одржување

Автоматизирано управување со електромотор – контрола преку централа и тастер/ прекинувач / шалтер клуч / далечински управувач. Програмирање на процесот на отворање и затворање со сензори и централи и интелигетно управување.

Мануелно управување по потреба.

Системот за монтажа, може да се прилагоди на голем број градежни ситуации.

Техничка спецификација

  • Челична конструкција
  • Страничен систем на водилки со гуми за непречено движење
  • Сендвич челични панели 500(600)х40mm – пластифицирани надворешни ѕидови со d=0,5mm и исполна полиестер (CFC (chlorofluorocarbon) – free, отпорен на габи, инсекти и бактерии) со специјално полиуретанско сврзно лепило (со висока густина – термален мост)
  • Зајакнати зглобови и меѓусврзувачки елементи, крајна горна и крајна долна линија со инсертирна специјално засилена гумена заптивка
  • Терминал со автоматски систем за заклучување со спуштање на вратата