За нас

Компанијата РОЛОМАТИК делува во полето на градежните работи од 1994 година и до денес постојано ги подига стандардите на деловното работење со својот стручен кадар, професионална услуга и високо квалитетни енергетски ефикасни производи.

Широката палета на првокласни производи овозможува многубројни и разновидни комбинации кои во целост можат да ги задоволат сите барања во поглед на функција, безбедност и квалитет до најмалиот детал, истовремено за наједноставните како и за најкомплексните барања.

Тоа е причината зошто во текот на годините на упорна работа, РОЛОМАТИК се докажа како силна и доверлива компанија во земјата и пошироко, особено во полето на производство и инсталирање на Ролетни, Пвц и Алуминиумски прозорци и врати, Роло и Сегментни гаражни врати, Засенувачи, Комарници, Сензорски врати, Стаклени фасади и Фасади од алуминиум композитни панели.

Седиштето на компанијата се простира на околу 6.000m2 со производствени погони на површина од 2.000m2 и 1.000m2 магацински простор, административен простор од 600м2 и изложбено продажен салон со површина од 200m2. Производствените погони се опремени со најсовремени машини и алати за обработка, управувани од високо стручни кадри.

РОЛОМАТИК има воспоставено систем за управување со квалитет по стандард ИСО 9001:2008 и систем за заштита на животната средина ИСО 14001:2004, и се грижи за нивно одржување и постојано унапредување.

 

Мисија

Континуирано следење на водечките светски трендови и нивно имплементирање во современото живеење на клиентите, во целост од барање, изработка на понуда со најсоодветни и квалитетни индивидуално прилагодени решенија до почитување на договорени рокови за реализација за комплетно корисничко искуство во тек на целиот проект, затоа што сите имаат бенефит од врвен квалитет и услуга.

 

Референтна листа

    • Собрание на Република Македонија
      Алуминиумски ролетни со комплетна автоматизација
    • Кабинет на Претседателот на Република Македонија
      Алуминиумски ролетни со комплетна автоматизација
    • НАТО – ЕАПС форум во хотел ИНЕКС – Горица, Охрид
      Тенди од импрегниран материјал со комплетна автоматизација
    • Johnson Controls – Деловен објект – Бунарџик
      Засенување со Соломатик жалузини
    • Societe General – Охридска Банка – Експозитури – Скопје и Охрид
      Фасадни Алуминумски портали, Ентериерни прегради и врати, блиндор врати
    • Кардиохирургија Филип Втори, Воена Болница, Скопје
      Специјализирани портали и врати (заштита од радијација)
    • VIP Телекомуникации – Деловни објекти – Куманово и Битола
      Портали од Пвц и Алуминиумски профили
    • Центро Унион – Административно – деловен објект и магацински простории – Скопје
      Стаклена фасада, Фасада од алуминиум композитни панели, Стаклени кровни конструкции, Стаклени настрешници, Алуминиумска столарија
    • ГП ПЕЛИСТЕР ДОО – Резиденцијално – деловен објект Водњанска
      Стаклена фасада, Фасада од алуминиум композитни панели, Алуминиумска столарија, Алуминиумски ролетни Рондо, Рологаражни врати, ПП врати
    • ГП ПЕЛИСТЕР ДОО – Резиденцијален комплекс Касарна – Битола
      Пвц столарија, Пвц ролетни, Алуминиумска столарија – портали
    • ГП ПЕЛИСТЕР ДОО – Резиденцијален комплекс во Котор, Црна гора
      Пвц столарија, Пвц ролетни, Алуминиумска столарија – портали, Рологаражни врати, ПП врати
    • Машинац –Скопје – Резиденцијален комплекс – Бардовци
      Пвц столарија, Алуминиумски натпрозорски ролетни
    • Електро Елемент – Изложбено продажен сервисен центар на Премиум Ауто Центрум и JAGUAR и LAND ROVER
      Стаклена фасада, Фасада од алуминиум композитни панели, Алуминиумска столарија, Office системи, Стаклени врати
    • Електро Елемент – Изложбено продажен сервисен центар на Киа
      Сегментни врати
    • Ренова Тетово – Трговски центар РЕМ
      Стаклена фасада, Фасада од алуминиум композитни панели
    • Турбо Макс – Скопје – Деловен објект – изложбено продажен салон
      Стаклена фасада, Фасада од алуминиум композитни панели, Рологаражни врати
    • АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за републиката – Скопје – Резиденцијален објект 3.2 на бул. 3-та Македонска бригада, Скопје
      Пвц столарија, Пвц натпрозорски ролетни
    • Ен Са Инг ДОО Скопје – Резиденцијален објект – Аеродром
      Пвц столарија, Алуминиумска столарија – портали, Пвц претпрозорски ролетни
    • Инвест Билдинг – Резиденцијален објект – Аеродром
      Алуминиумски прозори и врати
    • Флорастат– Резиденцијален објект – Аеродром
      Алуминиумски прозори и врати
    • Голден Арт – Резиденцијален објект Аеродром GA01
      Пвц столарија, Алуминиумска столарија – портали, огради за скалишен простор
    • СМС Констракшн – Резиденцијален објект Бутел
      Алуминиумска столарија – портали
    • СМС Констракшн – Менхетен Бизнис Центар – Капиштец
      Стаклена фасада, Фасада од алуминиум композитни панели, Алуминиумска столарија – портали, Рологаражни врати
    • Ремис ДООЕЛ Охрид – објект ЗУМ
      Стаклена фасада, Фасада од алуминиум композитни панели, Алуминиумска столарија
    • Ремис ДООЕЛ Охрид – објект Парк – Golden Beach, Охрид
      Рологаражни врати, Алуминиумски претпрозорски ролетни, Тенди од импрегниран материјал
    • КАМ – деловни објекти
      Алуминиумска столарија – портали
    • Еурофарм – аптеки
      Алуминиумска столарија
    • Градска општа болница – 8ми Септември Скопје
      Сензорски врати – Алуминумски врати со сензорска автоматика
    • Карго Макс – сервисен центар Струмица и Миладиновци
      Сегментни врати
    • Јахја Кемал Колеџ – Тетово
      Стаклена фасада, Фасада од алуминиум композитни панели