PVC ролетни

ПВЦ ролетни

Пвц ролетни со висок квалитет изработени со екструзија на гранулат од пластична смеса на база на Пвц (polyvinilchlorid) со оптимизирани физички и хемиски својства како и механичка стабилност со употреба на соодветен однос на полимери и адитиви.

 

Главни предности:

  • Обезбедуваат комфор со едноставна монтажа и сервисирање
  • Обезбедуваат заштита од надворешни влијанија – дожд, ветер, сонце – силна светлина и топлина
  • Обезбедуваат термоизолација од прекумерна топлина во летниот период и загуба на топлина во зимскиот период
  • Економична инвестиција.

Боја бела – основна / препорачана. Можност за чоколадна, лешник и сива боја.
Мануелно управување со автомати на каиш или конец.
Универзален систем за монтажа, може да се прилагоди на голем број градежни ситуации.

Техничка спецификација

  • Кутија изработена од Пвц
  • Кутија со димензии 150х150mm за ролетна со max. H=1500mm
  • Кутија со димензии 180х180mm за ролетна со max. H=2400mm
  • ПВЦ ламели – 35x8mm
  • Рамна водилка – 53х22mm

Натпрозорски системи

Идеално решение за нови градби и и при промена на старата и дотраена столарија

Систем компатибилен со сите видови столарија, а согласно типот на столарија се бира соодветна кутија за ролетната што е есенцијално за да се гарантира нивото на термо изолација. При инсталација на натпрозорскиот систем се избегнува традиционалната кутија од тули, кутијата од натпрозорскиот систем е поставена веднаш над касата од позицијата (прозор/врата) создавајќи компактна единица, која ја поедноставува инсталацијата и обезбедува елегантен изглед, притоа обезбедува лесен пристап до механизмот од внатрешна страна за одржување и сервис.

 

Техничка спецификација

  • Кутија изработена од Пвц
  • Кутија 4Пвц со димензии 155х155mm за ролетна со max. H=1500mm
  • Кутија 4Пвц со димензии 185х185mm за ролетна со max. H=2600mm
  • Четка на долен капак од кутија – 7х18mm – со секое подигње и спуштање на ролетната ја врши функцијата чистење на спустот од надворешна страна
  • Пвц дискови на конзола – компактно движење на спуст
  • ПВЦ ламели – 35x8mm
  • Рамна водилка – 53х22mm